Top Sport

Надал преку индиспонираниот Беретини избори финале на АО

Рафаел Надал, во недела, ќе се бори за 21.гренд-слем титула. Шпанецот, полесно од очекувањата, успеа да го добие полу-финалниот меч против Матео Беретини. Надал славеше во четири сета со 6/3, 6/2, 3/6, 6/3.

Дуелот во Мелбурн го обележа одличната игра на Надал, особено во првите два сета и индиспонираниот Беретини, кој не можеше да го најде вистинскиот ритам. Исклучок е средишницата од третиот сет, кога освои 14 од 15.поени, направи брејк и го освои сетот.

Надал, во недела од 9.30 часот посредно-европско време, за втората титула во Мелбурн, ќесе бори против победникот од дуелот помеѓу Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Scroll to Top