Top Sport

Суарез: Зарем сега да се освои титулата не значи ништо?

Барселона со победата од 2:1 над Валенсија постави нов рекорд од 39 натпревари без пораз во Ла лига, меѓутоа напаѓачот Луис Суарез вели дека е разочаран што јавноста не дава поголемо значење на освојувањето на шпанската титула.

Каталонците се на седум поени од седма титула во последните 10 години.

„Рекордите се тука да се рушат. Знаеме дека навивачите знаат да се налутат, и тоа е нормално, но сега изгледа дека не е вредно да ја освоиш титулата. Мислам дека заслужуваме повеќе почит за начинот на кој играме“, вели Суарез.

По шокантниот пораз од Рома од 3:0 во вториот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, Барселона се врати на совршен начин со победа над тимот кој во последните девет меча имаше 8 победи и 1 реми.

„Ова е чекор напред кон целта. Има уште неколку натпревари, а имаме добра разлика. Најважно е да победуваме“, додава Суарез.

Фото: ЕПА

Барселона ја победи Валенсија за да дојде на чекор до титулата (видео)

Scroll to Top