Помошните судии на Светското првенство во Русија добиле инструкции, дека доколку не се сигурни во одлуката дали е офсајд или не, да не го крваат знаменцето, туку работата да му ја остават на ВАР системот.
Мундијалот во Русија ќе започне утре си дуелот помеѓу домаќинот и Саудиска Арабија. Ова ќе биде прв Светско првенство на кое ќе се употребува ВАР технологијата.
„Доколку забележите некој асистент што не го кренал знаменцето, бидете сигурни дека не направил грешка, туку ги следи инструкциите. Кажано им да не ги креваат знаменцата доколку во прашање е сомнителен офсајд. Доколку судијата не го сигнализира офсајдот можеби ќе падне гол, во спротивно акцијата би била прекината. Потоа ќе решава ВАР технологијата“, рекол Пјерлуиџи Колина.
Судијата потоа може да ја прифати информацијата која ќе му пристигне од ВАР екипата и да донесе објективна одлука. Кога станува збор за важни ситуации на теренот, како што се црвените картони и слично, главниот судија ќе може сам покрај теренот да ја погледне снимката и потоа да донесе одлука.
Повторените снимки ќе бидат прикажувани и на големите екрани на стадионите, така шти и публиката ќе може да ги гледа спорните ситуации.