Навивачите на Челси повторно се „нафрлија“ на судијата Ентони Тејлор, набројувајќи ги неговите „погрешни одлуки“ на штета на лодонскиот клуб по вчерашниот црвен картон на Рис Џејмс против Ливерпул.
21-годишниот Џејмс доби директен црвен картон во финишот на првото полувреме, откако Тејлор процени дека намерно ја удрил топката со рака за да спречи гол, и по пеналот Ливерпул израмни, а Челси изддржаа за 1:1 реми.
Фановите на Челси посочија на претходните два престроги црвени картони кои ги доделил Тејлор на фудбалери на Челси – тој на Виктор Мозес во финалето на ФА купот во 2017, и тој на Матео Ковачиќ во финалето на ФА купот во 2020. Меѓутоа дел од инцидентите се случиле и пред повеќе од пет години, така што можеби навивачите на Челси се во право…
Anthony Taylor vs Chelsea, how’s he allowed to referee our games?? pic.twitter.com/S588qNxI7q
— Yahya (@CFCYahya) August 28, 2021
— rash (@JorginhoFreIIo) August 28, 2021