Италијанските медиуми и стручната јавност, го критикуваат Тобијас Стилер, кој го судеше натпреварот Аталанта-Реал, во Лигата на шампионите. Дуелот заврши со победа на Реал 0:1. Аталанта 70 минути играше со играч помалку, откако Стилер во 18.минута му покажа црвен картон на Ремо Фројлер.
„Газета дело Спорт“, не се согласува со одлуката на судијата и пишува дека црвениот картон во целост го сменил текот на натпреварот.
„Тутоспорт“, смета дека престрога била одлуката Фројлер да биде исклучен и дека таа одлука го обележала натпреварот.
„Стилер покажа дека не спаѓа во редот на елитните европски судии“, пишува „Кориере дело спорт“ со напомена дека Стилер направил неколку груби грешки во текот на натпреварот.
„Неубедливо, со непријатно чувство на која страна дува ветерот“, пишува овој медиум.
Медиумите се согласуваат дека Аталанта била ограбена во дуелот со Реал.
Реванш натпреварот овие тимови ќе го одиграат во Мадрид за 20 дена.