Top Sport

Тата Мартино на клупата на Мексико

Мексико, конечно, најде селектор, откако го потврди поранешниот тренер на Барселона и на Атланта јунајтед, Херардо „Тата“ Мартино со договор до 2022 година.

Мартино ја презема репрезентацијата која се квалификуваше на последните седум Светски првенства, но која беше елиминирана во осминафиналето во секој настап. По ова мексиканските фанови се нестрпливи за „петтиот натпревар“ првпат на шампионат кој не се одржува во Мексико.

Покрај тоа, Мартино ќе биде задолжен за новата генерација на мексикански фудбалери, предводени од ѕвездата на ПСВ Ајндховен, Ирвинг Лозано.

Клупата на „Ел три“ беше испразнета откако Хуан Карлос Осорио одби продолжување на договорот по СП во 2018 година, по што стана селектор на Парагвај.

56-годишниот Мартино ја почна кариерата токму како селектор на Парагвај во 2007 година по работата во клубовите Либертад и Серо Портењо, и ги предводеше „албироха“ до четврт-финалето на СП во 2010 година. По ова, тој беше тренер на Њуелс олд бојс во Аргентина, и по освојувањето на титулата во 2013 стана тренер на Барселона, каде што остана само една сезона. По СП 2014 година тој стана селектор на Аргентина, и двапати губеше во финалињата на Копа Америка во 2015 и 2016 година од Чиле. На крајот, тој помина две езони во Атланта јунајтед, со кои ја освои титулата од МЛС купот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top