Top Sport

Судијата што не досуди пенал за Борусија Дортмунд побарал полициско обезбедување

Судијата Саша Стегеман е во фокусот на вниманието по натпреварот меѓу Бохум и Борусија Дортмунд во 30. коло во Бундеслигата. По овој меч, судијата е обезбедуван од полицијата.

38-годишниот Стегеман доби многу критики откако не досуди пенал во корист на „жолто-црните“ во 65. минута од средбата, која заврши 1:1. Тогаш Данило Соареш го фаулираше Карим Адејеми во шеснаесетникот, но судијата не покажа на белата точка, а не доби сигбал ниту од ВАР собата.

Главниот судија на натпреварот јасно призна дека згрешил и во ситуацијата требало да покаже на белата точка. Стегеман откри и дека ден по натпреварот тој и неговото семејство добиле смртни закани. Судијата поднел пријава во полиција и оттогаш е под нивна заштита.

Погрешната одлука на судијата ја чинеше Борусија Дортмунд успех на гостувањето кај Бохум. На овој начин „жолто-црните“ ја загубија лидерската позиција на табелата откако Баерн Минхен ја победи Херта.

До крајот на првенството во Германија остануваат уште четири кола.

Scroll to Top