Top Sport

Шпанците не веруваат дека Данте Егзум е повреден: Вака не глуми ни Леонардо Ди Каприо

На прагот на третиот натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата меѓу Партизан и Реал Мадрид, прва во Белград, шпанските медиуми го „нападнаа“ Данте Егзум. Кошаркарот на Партизан на патерици го напушти теренот во Мадрид по УФЦ зафатот на Гершон Јабуселе, но, сепак, Шпанците сметаат дека тој е сериозно добар актер.

„Докторите од сите страни на светот доаѓаат во Белград да го проучат случајот на Данте Ексум. Од одење на патерици со скинати лигаменти до тренинг без проблеми и настап во вторник. Одлична глума. Ова не му успеало ниту на Ди Каприо“, пишува шпанскиот новинар Пабло Хереро.

Scroll to Top