Француската фудбалска судијка, Стефани Фрапар влезе во историјата на светскиот фудбал откако го започна мечот од УЕФА Суперкупот меѓу Челси и Ливерпул во Истанбул, како прва жена со судиското свирче на голем европски меч.
35-годишната Фрапар претходно беше судијка во финалето на Светското првенство за жени помеѓу САД и Холандија во јули, а во Истанбул во водењето на фудбалската правда и помагаат уште две дами – Мануела Николоси и Мишел О’Нил.
Швајцарката Никол Петиња беше првата жена која судела машки меч во европските натпреварувања, откако од 2004 до 2009 судеше на три квалификациски мечеви во УЕФА купот. Во 2017, Бибијана Штајнхаус стана првата жена-судијка во европските врвни лиги, откако доби ангажман во Бундеслигата.
?? Stephanie Frappart
?? Michelle O'Neill
?? Manuela NicolosiThe first all-female officiating team to take charge of men's UEFA match are ready to go. pic.twitter.com/JCvLPGvxaj
— Football on BT Sport (@btsportfootball) August 14, 2019