Top Sport

Судот му ја потврди затворската казна на Фабрицио Миколи

Италијанскиот суд му ја потврди затворската казна на поранешниот фудбалер, Фабрицио Миколи. Миколи најдобриот фудбал во кариерата го играше во Палермо (2007-2013), пред и потоа бил играч на Фиорентина, Бенфика, Јувентус.

Миколи, поради рекетирање со насилни методи, доби затворска казна од три години и шест месеци. Судењето за овој случај започна во 2013 година, но по оваа пресуда Миколи повеќе нема право на жалба и ќе мора да оди зад решетки.

Пред десет години, со помош на мафијашкиот бос, Мауро Лаурикела, Миколи со насилни методи и закани се обидел да изнуди 12.000 евра од Андреа Графањини, во тој период сопственик на ноќен клуб.

Лаурикела, еден од главните мафијашки шефови во Палермо е осуден на затворска казна, во време траење од седум години.

Scroll to Top