ФИФА и УЕФА привремено не смеат да ги казнуваат 12-те клубови основачи на Европската Суперлига, ниту нивните фудбалери, пресуди Шпанскиот комерцијален суд во Мадрид во прва легална победа на богатите клубови.
Оваа вест доаѓа откако англиската Премиер лига најави дека ги разгледува „сите опции“ за спречување на контроверзниот проект со поддршка од британската влада, и додека траат протестите на навивачите на овие клубови.
Шпанскиот суд порача на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин и на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино дека не смеат да ги казнуваат фудбалерите, иако е нејасно каква јурисдикција има судот во Мадрид околу двете федерации, кои имаат седиште во Швајцарија. Овој суд инаку носи одлуки за корпоративни спорови.
Секако, барање од судот за ваква забрана дојде од страна на компанијата на претседателот на Реал Мадрид и на Суперлигата, Флорентино Перез. Оваа одлука е со привремен карактер додека трае легалната процедура.