Во одлука која може да го „протресе“ фудбалскиот свет, Апелациониот суд во Брисел одлучи дека досегашното највисоко спортско судско тело, Судот за арбитража во спортот (ЦАС) нема да може да влијае на одлуките за овој спорт.
Оваа одлука е донесена по жалбата на швајцарскиот клуб Сеаринг против ФИФА поради нивните правила за „поседување на трета страна“, бидејќи клубот сакаше да користи инвестициски фондови за менаџирање на клубот и носење засилувања. Ова значи дека ФИФА, УЕФА и било која друганационална федерација веќе нема да може да ги санкционира тимовите и федерациите по одлуката на ЦАС. Исто така, било која фудбалска федерација сега може да биде тужена пред локалните судови, а не пред ЦАС.
Одлуката може да има и големо влијание на пресудите за допинг, бидејќи одлуките на ЦАС се сметаа како конечни без разлика на тоа што одлучила ФИФА, како во случајот со перуанскиот капитен Пауло Гереро, кој од ЦАС доби дозвола да настапи на Светското првенство во Русија.