Фудбалското првенство на Грција нема да се игра овој викенд бидејќи судиите прогласиле 14-дневен штрајк, како знак на протест за претепувањето на еден нивен колега. Во средата, пред својот дом во Лариса, бил претепан судијата со знакот на ФИФА, Танасис Цилос.
Арбитрите кои судат во Суперлигата, прогласиле штрајк поради „кукавичкиот и неприфатлив“ напад на еден од нив.
Три маскирани лица го нападнале судијата Танасис Цилос, кој поради повредите на главата морал да биде и хоспитализиран, а сега се наоѓал на домашно лекување.
Поради овој напад се уште никој не е уапсен. Истиот го осудил и грчкиот министер за спорт, Јоргос Василијадис.
Ова беше 27.напад врз фудбалски судија во Грција, во последните две години.
Во март оваа година, првенството на Грција беше во прекин три недели, поради дивеењето на сопственикот на ПАОК, Иван Савидис, кој на теренот влетал со пиштол.