Top Sport

Супер лигата ќе стартува во 2022 година со 18 екипи

Супер лигата ќе стане реалност во 2022 година. Идејата е најдобрите или најбогатите европски клубови, по урнекот на НБА, да се натпреваруваат во една лига. Финансиската конструкција би изнесувала 6.000.000.000 долари. Парите треба да ги обезбеди американската банка Џеј Пи Морган. Поради тоа идејата за едно вакво натпреварување потекнала од Ливерпул и Манчестер Јунајтед, клубови чии сопственици се Американци.

Дека Супер лигата е реалност потврди синоќа и Џозеп Марија Бартомеу. Тој вчера си поднесе оставка на претседателската функција во Барселона, а на заминување изјавил дека го пријавил клубот за новото натпреварување.

Идејата е во Супер лигата да учествуваат 18 екипи, по четири од Англија, Шпанија и Италија и по три од Франција и Германија.

Покрај Манчестер Јунајтед и Ливерпул, од Англија би учествувале Челси и Манчестер сити, додека на своите места ќе чекаат Тотенхем и Арсенал.

Кандидати од Шпанија се Барселона, Реал, Атлетико и Севилја, а од Италија се шпекулира со имињата на Јувентус, Интер, Милан и Наполи.

Покрај ПСЖ, Франција би ја преставувале Марсеј и Лион, од Германија „сигурни“ се Баерн и Борусија Дортмунд.

Формирањето на една ваква лига во целост би ја урнала Лигата на шампионите, поради што првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, рекол дека тоа би било „себично натпреварување кое не ги почитува фудбалските вредности“.

Scroll to Top