Нигерија стигна до сосема заслужена 1:0 победа над Египет во првиот меч од нивната група Д на Африканскиот куп на нации, оставајќи ги „фараоните“ на Мохамед Салах без вистинска шанса во 90 минути во Гаруа, Камерун.
Во доминантното прво полувреме, Нигерија по неколку пропуштени шанси дојде до водство во 30. минута од мечот со голот на ѕвездата на Лестер сити, Келечи Ихеаначо. И во второто полувреме, „Супер-орлите“ беа подобри, иако Салах имаше една убава шанса во 70. минута од мечот.
Во групата Д, покрај фаворитите Нигерија и Египет, се и Судан и Гвинеја Бисау, кои вечерва го играат својот меч.
?⚽️ | Iheanacho draws first blood for Nigeria vs Egypt! What a goal! #AFCON #NigeriaVsEgypt #Egypt pic.twitter.com/WLnFntWmaV
— Punchline Africa Tv (@PunchlineAfric_) January 11, 2022