Top Sport

Суперлигата ќе ги уништи фудбалските вредности

Навивачите на шестте најголеми англиски клубови, кои се здружија во основањето на европската Суперлига, жестокот се против новото натпреварување.

Навивачката група на Ливерпул, „Духот на Шенкли СОС“, се шокирани од одлуката на сопствениците клубот. Ливерпул се наоѓа во сопственост на американската корпорација ФСГ.

„ФСГ ги игнорира навивачите, во својата алчна потера по парите и профитот. Фудбалот и клубот се наши, не се нивни“, објавија на социјалните мрежи од СОС.

Фановите на Манчестер јунајтед истакнале дека предлогот за Суперлигата е „целосно неприфатлив“ и дека европската Суперлига „оди против се што фудбалот и Манчестер јунајтед претставуваат и застапуваат“.

„Навивачите во целиот свет чувствуваат целосно предавство’, стои во дел од пораката на навивачите на Челси.

Навивачите на Тотенхем сметаат дека европската Суперлига „ алчноста и личниот интерес им штетат на другите вредности на фудбалската игра“.

Фановите на Арсенал, договорот на клубовите, го нарекоа „смртта на Арсенал и спортските институции“, додека навивачите на Манчестер сити заклучија дека идејата покажува дека „оние кои се вклучени во договорот не ја почитуваат традицијата“.

Scroll to Top