Top Sport

Сурово будење: Колумбија ја понижи Аргентина (видео)

Надежите дека Аргентина и Лионел Меси, конечно, ќе стигнат до голем трофеј беа „растурени“ во првиот нивни меч на Копа Америка, откако загубија со 2:0 од Колумбија во Салвадор.

Поразот на „албиселесте“ сигурно боли многу, но начинот на кој дојде до него е уште пофасцинантен. Лионел Меси беше целонсо сопрен, а неговите соиграчи беа надиграни и слабоста на националниот тим беше целосно откриена. Меси беше честопати само набљудувач, откако неговиот тим се мачеше да ја помине средината, иако токму тој ја имаше најдобрата шанса на почетокот на мечот.

Казната дојде во второто полувреме. Тимот на Карлос Кеирош дојде во водство со најубавиот гол на Копа Америка досега, откако Роџер Мартинез го совлада Армани во 71. минута. Напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата на пет минути пред крајот го постави конечниот резултат. Поразот не значи дека Аргентина ги загрози своите шанси – дури и трето место во групата во која се и Парагвај и Катар им носи место во втората рунда.

ГРУПА Б

Аргентина – Колумбија 0:2

ГРУПА А

Перу – Венецуела 0:0

Scroll to Top