Top Sport

Сусо со мајсторија донесе победа на Севилја на „Месталја“

Сусо со фантастичен потег успеа да се ослободи од двајца дефанзивци и потоа спектакуларно да ја затресе мрежата во 81. минута за да донесе на Севилја 1:0 победа на гостувањето кај Валенсија на „Месталја“.

Ова е трет натпревар во низа во кој Севилја не е поразена, додека во исто време се става крај на убавата низа од три меча без пораз за Валенсија. Севилја е на петтото место на табелата со 23 поени, шест зад лидерот Атлетико Мадрид, додека „лилјаците“ се на 13. место со 15 поени.

Во вториот денешен меч во Ла лига, Елче и Осасуна одиграа 2:2.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');