Top Sport

Суспендиран поради употреба на кокаин, во Перу дочекан како херој

Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Гереро, бара правни опции по казната поради која ќе го пропушти Светското првенство во Русија.

„Ќе биде голем удар за мене доколку нема да играм на Светското првенство. Морам со адвокатите да поразговарам каква акција треба да преземеме“, рекол Гереро.

Гереро, во вторникот, од Бразил пристигнал во Перу, а на аеродромот во Лима бил пречекан од многу навивачи, од кои добил поддршка, по одлуката на Судот за спортска арбитража (ЦАС) да му биде продолжена суспензијата.

(ЦАС), во понеделникот, соопшти дека на Гереро ќе му биде продолжена шестмесечната суспензија која на фудбалерот му ја изрече ФИФА.

Капитенот на Перу, во октомври минатата година, по квалификацискиот дуел со Аргентина, бил позитивен на бензојлекгонин, метаболит на кокаинот.

Неговите адвокати тврдат дека Гереро оваа супстанца ја во својот организам ја внел додека пиел чај.

Паоло Гереро требаше да ја предводи репрезентација на Светското првенство во Русија, што ќе биде прво мундијалско појавување на Перу уште од 1982 година и шампионатот во Шпанија.

Тежок удар за Перу, капитенот нема да игра на СП во Русија

Scroll to Top