Top Sport

Меси: Нејмар во Реал? Ужас

Иако, минатото лето го урна трансфер рекордот, откако за 222 милиони евра се пресели во ПСЖ, името на Бразилецот Нејмар константно се поврзува со Реал Мадрид.

Шпекулациите за преминот на Нејмар од ПСЖ во Реал веќе го коментираа неколкумина фудбалери на „кралскиот клуб“, кои немаат ништо против тоа да се случи, а по повод овие гласини се огласи и Лионел Меси.

Аргентинецот долго време ја делеше соблекувалната на „Ноу Камп“ со Бразилецот.

„Тоа би било ужасно, бидејќи Нејмар и значи на Барселона. Освои важни трофеи, Лигата на шампионите, ЛА Лига…Тоа би бил тежок удар за сите нас“, рекол Меси дополнувајќи дека Реал би бил подобар со него во тимот.

Меси проговорил и за Светското првенство во Русија, каде во првата фаза Аргентина ќе игра против Нигерија, Хрватска и Исланд.

Аргентинците се уште не можат да го прежалат поразот во финалето на СП пред четири години во Бразил. Германија тогаш ја освои титулата, откако Геце постигна гол во продолженијата.

„Заслуживме да бидеме таму, меѓу најдобрите четири екипи. Меѓутоа скапо го плаќаме пласманот во завршицата на големите натпреварувања. Сепак, ние и во Русија мораме да бидеме во завршницата. Тоа е голема желба на секој од нас, но не и обврска, поради се она низ што минавме досега. Никој повеќе од нас не ја сака титулата во Русија“, рекол Меси.

На прашањето дали сака да биде подобар од Кристијано Роналдо, тој одговорил: „Не се натпреварувам со него. Ме стимулира тоа што Реал повторно ќе игра финале во Лигата на шампионите, што тој клуб освојува трофеи. Сакам секоја година да ја освојам Лигата на шампионите и да бидам шампион во Ла Лига. Сите тоа го сакаме.“

Scroll to Top