Тренерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека има големи шанси Сандро Тонали да настапи на претстојниот натпревар против Вулверхемптон.
Тој посочи дека тоа е можно и покрај тоа што е суспендиран на 10 месеци поради обложување.
Хау изјави дека клубот е во „неизвесност“ бидејќи се уште чека потврда за суспензијата, пренесе Би-би-си.
Италијанската фудбалска федерација во четвртокот го казни Тонали со 10-месечна суспензија поради кршење на правилата за обложување.
„Ги слушнавме вестите, соопштението, но засега не сме добиле ништо од италијанските власти. Мислам дека има големи шанси да ни биде на располагање. Има неколку работи што треба да се случат пред суспензијата да стапи на сила, ќе видиме“, рече тој.
Њукасл во сабота ќе игра на гости кај Вулверхемптон во Премиер лигата.
Суспензијата мора да биде одобрена од Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).