Top Sport

Суспензија и парична казна за Покетино

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, нема да го предводи својот тим на наредните два натпревари во Премиер лигата, поради казната што му ја одреди Фудбалската асоцијација на Англија.

Тотенхем на 23 февруари беа поразени со 2:1 на гостувањето кај Барнли. По мечот, незадоволен од судењето, Покетино дури се обидел и физички да се пресмета со судијата.

Поради казната Покетино ќе ги пропушти натпреварите со Саутемптон и Ливерпул, а во касата на ФА ќе мора да уплати и 10.000 фунти.

Scroll to Top