Шведскиот фудбалски тренер, Свен Горан Ериксон (72) го презема бразилскиот третолигаш Ботафого, пишуваат медиумите во Бразил. Стратегот кој важи за еден од најдобрите европски тренери има преполно CV, но сега е по нова авантура во „земјата на фудбалот“.
Претходно, во минатото со Гетеборг го освои Куп на УЕФА, со Лацио го освои Купот на куповите, со Бенфика играше финале во ЛШ, а голем печат остави и во Рома, односно Сампдорија.
Пет години беше на чело на „Гордиот Албион“, а последниот ангажман во Европа го имаше пред 8 години, кога го тренираше англиски Лестер.
Своевремено Ериксон, кој минативе години седеше на клупата на клубови во Обединети Арапски Емирати, Кина и Филипини имаше амбиција да биде предводник и на селекцијата на Хрватска, но работата со Лестер му ги помести плановите.