Top Sport

Мејведер сака борби со МекГрегор и Нурмагомедов во ист ден!

Борбата меѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор летото 2017 година беше најисплатливиот боречки спектакл на сите времиња.

Мејведер јa забележа 50-тата победа и се врати во „пензија“ непоразен, а Ирецот иако не се посрамоти, издржа 10 рунди, сепак беше поразен со технички нокаут.

Затоа не е чудно што постојано стигнуваат пораки за реванш, и од навивачите, и од промоторите, но и од самите борци.
Сепак, се чини дека Мејведер сака да отиде и чекор понатаму.

Тој, според информациите, сака да се бори и против МекГрегор, и против Нурмагомедов и тоа во ист ден. Тој, наводно, својата идеја му ја пренел и на шефот на УФЦ, Дени Вајт.

„Разговаравме за тоа да се борам со Хабиб и Конор во ист ден. Со Хабиб би се борел во текот на денот, а со Конор навечер. Гледачите би платиле единствена цена, веројатно 250 долари, за двете борби“ – вели Мејведер.

Scroll to Top