Фудбалскиот клуб Еибар, потврди, дека до крајот на сезоната во тимот ќе биде поранешниот шпански репрезентативец, Фернандо Љоренте.
Љоренте има 36 години, кариерата ја започна во Атлетик Билбао, потоа играл во Серија А, во Јувентус, Наполи и Удинезе. Дел од кариерата мина и во Тотенхем, со кого играше во финалето во Лигата на шампионите.
Тој од завршувањето на минатата сезона беше без клуб, откако му заврши договорот со Удинезе.
Љоренте има светска и европска титула со Шпанија.
Еибар се засили во обид експресно да се врати во Примера. По 12 рунди во Сегунда, тимот од „Ипуруа“, се наоѓа на второто место на табелата, со бод помалку од водечката Алмерија.