Top Sport

Светското првенство за жени овојпат нема да биде во загуба

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино откри дека Светското првенство за жени во Австралија и Нов Зеланд се „исплатело“, со приход од 570 милиони долари, што уште е во сенка на 7.5 милијарди долари кои ФИФА ги заработи во четиригодишниот циклус за СП за мажи во Катар минатата година.

Репрезентациите кои настапија на Мундијалот, каде што во недела Шпанија и Англија ќе играат за титулата, ќе споделат 110 милиони долари, додека машките репрезентации од Катар заработија 440 милиони долари. Инфантино ги отфрли барањата за еднаква исплата за машките и женските репрезентации, оценувајќи ги како „слоган“.

„Со слогани не се решава ништо. Ова е најголемото и најдоброто Светско првенство за жени во историјата, и иако се зборуваше дека ќе мораме да ги подржиме финансиски, на крајот шампионатот е економски одржлив. Нема загуби и генериравме доволно средства да бидеме втори во фудбалот, секако, зад СП за мажи. Ова покажува дека нашата стратегија не е лоша и дека сме на вистински пат да научиме нови лекции“, вели Инфантино.

Scroll to Top