Top Sport

Алкалоид ќе го предизвика Вардар во струшкото финале

Македонските ривали РК Алкалоид и РК Вардар ќе се судрат во финалето на 52. издание на традиционалниот турнир во Струга, откако тимот на Кирил Лазаров по тешка битка стигнa до 26:23 (13:15) победа над грчкиот клуб, АЕК Атина.

Алкалоид имаше одличен старт на мечот и водство од 10:7, но потоа грчкиот тим направи импресивен камбек и се врати за да поведе со 15:13 на полувреме. АЕК го задржа водството до последните десетина минути од мечот, кога Алкалоид прво намали на 21:21, за по убава серија да стигнат до 26:23 победа.

Фото: РК Алкалоид

Scroll to Top