Свонси закажа дуел со Брентфорд, во плејофот за пласман во Премиер лигата на Англија.
Во полу-финалниот реванш Свонси и Барнсли одиграа без победник 1:1. Свонси во финалето се пласираа благодарение на победата во првиот меч од 1:0.
Пласманот во финалето го најави Грајмс во 39 минута, Вудроу израмни во 71.минута, но Барнсли немаа сили за пресврт.
Победникот во финалето ќе избори пласман во Премиер лигата и ќе заработи 100 милиони евра.