Top Sport

Роберто Карлос: Со Реал преговарав десет минути (Видео)

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и бразилската репрезентација Роберто Карлос на Инстагарм профилот на ФИФА одговорил на некои интересни прашања. Тој открил како по само една сезона во Интер во 1996 година се преселил во Реал.

Роберто Карлос во Реал мина 11 години, со „кралскиот клуб“ освои три трофеи во Лигата на шампионите.

„Разговарав со претседателот Масимо Морати, му кажав дека не сакам да играм на крилната позиција, дека сакам да бидам бек. Потоа имав состанок со претседателот на Реал Лоренцо Санс. Се договоривме за десет минути. Во тоа време бргу се завршуваа работите“, рекол Бразилецот.

Со кој напаѓач најтешко се справувал?

„Ето, Хоакин…Најтешко ми беше со Фиго. Тој знаеше да ве иритира. Сјајен фудбалер“.

Најдраг гол во кариерата?

Голот во Ел Класико има посебно место во мојата кариера. Сепак кариерата ми ја обележа голот против Франција. Често ме прашуваат за тој гол. Топката беше лесна, а ми помогна и еден од играчите“, рекол Роберто Карлос.

Scroll to Top