Top Sport

Возел 27 часа бегајќи од коронавирусот

Данскиот репрезентативец Пионе Систо преплашен од коронавирусот избегал од шпанскиот град Виго. Играчот на Селта без дозвола на клубот се вратил во Копенхаген.

Дека Систо бил во паника кога решил да замине зборува и податокот дека тој возел 27 часа и минал 3.000 километри.

Морал да замине во Копенхаген со автомобил бидејќи сите летови од Шпанија кон другите европски држави се откажани.

Од Селта најавиле дека тој ќе добие соодветна казна кога ќе се врати во Виго.

Scroll to Top