Top Sport

Тадиќ спектакуларно утна пенал, Србија пропушти победа во Романија (видео)

Србија пропушти капитална шанса да го осигура првото место во групата 4 од Лига Ц во Лигата на нации на УЕФА, откако играше цело полувреме со играч повеќе, а капитенот Душан Тадиќ утна пенал на гостувањето кај Романија во Букурешт.

„Орлите“ имаа играч повеќе од 44. минута од мечот кога Габриел Тамаш го удри со нога во лице Гаќиновиќ и судијата покажа пенал и му даде црвен картон. Сепак, капитенот Тадиќ имаше спектакуларно промашување од белата точка.

Во второто полувреме, Србите не успеаја да ја искористат предноста со играч повеќе и на крајот се задоволија со реми, исто како во првиот меч, во кој Србија двапати водеше пред да ремизира 2:2.

И покрај ремито, Србија е во одлична позиција да го освои првото место во групата – и остануваат мечевите со Црна Гора и Литванија. Србија има 8 поени, Романија 6, Црна Гора 4, а Литванија е без поени.

Фото: ЕПА


Scroll to Top