Душан Тадиќ е прогласен за најдобар српски фудбалер за 2021 година, а при доделувањето на наградата за српските медиуми изјави колку голема почит има за неговиот колега од репрезентацијата – Александар Митровиќ кој игра со Фулам во англиската Чемпионшип лига.
„Се знаеме во душа. Точно знае што ќе направам, и јас знам за него како ќе изреагира. Се сложуваме и надвор од теренот, соработката е одлична“ рече Тадиќ.
Двајцата протизведуваат голови за селекцијата на Србија, а не би било изненадување двајцата да се сретнат во редовите на Ајакс.
„Им велев во Ајакс да го купат, беше малку скап. Се надевам дека во иднина се е можно, би сакал да го видам Митра во голем клуб. Тој тоа го заслужува, а јас често му се лутам што игра во Чемпионшип, иако е среќен во Фулам, но човечките и играчките квалитети заслужуваат поголем клуб. Мора да оди во голем клуб и таму да постигнува голови“ – рече Тадиќ.