По 4:0 поразот од Брајтон, големиот навивач на Манчестер јунајтед, „кралот“ на тешката категориј, Тајсон Фјури побара од Кристијано Роналдо и од неговите соиграчи да се пензионираат.
Фјури, кој е роден и уште живее во близината на Манчестер, кога пристигна Роналдо на „Олд Трафорд“ изјави дека „градот не е доволно голем за двајцата“ на шега, но сега беше сериозен.
„Знаете што, не е важно што Џипси Кинг ќе се пензионира. Што велите Јунајтед? Зошто е.ано не се пензионирате? Излезете од терен“, напиша Фјури по поразот.
Manchester United fan Tyson Fury reacts to their 4-0 defeat at Brighton…
[? @Tyson_Fury] pic.twitter.com/lcJkgKWyto
— Michael Benson (@MichaelBensonn) May 7, 2022