Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) денеска потврди дека го избрале најдобриот договор за ТВ и медиумските права во нивните натпреварувања, во мега-договор за локални услови, добивајќи 44 милиони евра за следните четири години.
По раскинувањето на договорот со компанијата „Ендорфин магин“, ХНС ја прифати понудата на „Хрватски телеком“, кој понудил 9 милиони евра по сезона, најмногу од другите кандидати, „Спортклуб“, „АБ Спортконсултинк“ и „А1 Хрватска“. Ова значи дека за ТВ правата тие ќе добијат 36 милиони евра, додека „СуперСпорт“ ќе плати 8 милиони евра за медиумските права.
„Како што најавивме последната недела, бргу пронајдовме најдобро решение за хрватските клубови и нашиот фудбал. Постои огромен интерес за хрватскиот клупски фудбал, што се покажува со сумите“, вели претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ.
HNS je odabrao @hrvatskitelekom i SuperSport kao partnere za TV i medijska prava te time osigurao 44 milijuna eura u naredne četiri godine za hrvatski nogomet. Više informacija na:
https://t.co/y9mCqIZwtf— HNS (@HNS_CFF) February 21, 2022