Top Sport

Така се слави! Новинарот Крудели плачеше по победата на Милан (видео)

Милан во неделата стигна до драматична 3:2 победа над Удинезе пред сопствената публика на „Сан Сиро“, конечно, носејќи малку радост за домашните навивачи, меѓу кои секако треба да се спомене и познатиот ТВ-водител и спортски новинар, Тицијано Крудели.

Додека ние во нашите ТВ-преноси очекуваме малку поголема избалансираност и неутралност, во Италија тоа не е случај, каде што новинарите не се срамат да ги носат боите на својот клуб.

Крудели откако Анте Ребиќ го постигна победничкиот гол не можеше да се возддржи и почна да плаче и да трча околу студиото извикувајќи го името на хрватскиот напаѓач.

Scroll to Top