Германскиот шампион Баерн Минхен го претстави второто засилување за новата сезона. Нов член на Баварците е 18 годишниот Танги Куаси.
Куаси ја одбил понудата на ПСЖ да потпише професионален договор, прифатил да се пресели во Минхен каде што добил ветување дека ќе се бори за место во првиот тим на Баерн.
Со најтрофејниот германски клуб Куаси потпишал договор до 30 кини 2024 година.
Интерес за овој млад фудбалер покажале Милан и Лајпциг.
Куаси е второто засилување за Баерн откако вчера беше објавено дека клубот го завршил трансферот на Лирој Сане од Манчестер сити за 50 милиони евра.
#FCBayern sign Tanguy Nianzou Kouassi on a contract until 2024 ✍️ #ServusTanguy ??⚪ #MiaSanMia pic.twitter.com/ZurgSqVVBl
— FC Bayern English (@FCBayernEN) July 1, 2020