Фудбалскиот клуб ПСЖ, нема да им дозволи на бразилските репрезентативци Нејмар и Маркињос да учествуваат на Олимписките игри.
Одлуката е донесена поради густиот распоред и големиот број натпревари што ги имаат одиграно двајцата фудбалери од почетокот на сезоната. Нејмар и Маркињос, во моментов со Бразил, учествуваат на Копа Америка.
Нејмар има две учества на Олимписките игри, во 2012 и 2016 година. Во 2012 во Лондон, Бразил го освои сребрениот медал, а ја освои титулата четири години подоцна во Рио де Жанеиро. Дел од тој тим беше и Маркињос.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јуни до 8.август. Секоја репрезентација може да пријави тројца фудбалери постари од 22 години.