Марко Тардели побара од Јувентус да ја направат „вистинската одлука“ и да му дадаат на Алесандро дел Пјеро претседателска функција во клубот, но наместо да биде замена за Андреа Ањели да биде во позиција во каква што е Паоло Малдини во Милан.
Поранешниот капитен и легендарната „десетка“ на Јуве, Дел Пјеро си замина од клубот во 2012 кога не му беше понуден нов договор, завршувајќи ја кариерата со Сиднеј ФЦ и Делхи дајнамос пред пензионирањео во 2015. Тој од таа 2012 година се немаше појавено на стадионот на гигантот од Торино до саботата, кога доби фантастичен пречек од навивачите при 1:1 ремито со Болоња.
Тардели вели дека тој мора да има улога во Јувентус.
„Би било прекрасно ако се случи тоа и јас би бил најсреќниот човек на светот. Можеби некој во клубот немаше добро мислење за него, но навивачите секогаш го обожаваа Дел Пјеро. Секогаш е ризик за клуб да постави легенда на директорска позиција. На пример, Паоло Малдини се сметаше за проблем во Милан многу години по пензионирањето, пред да стане важна личност во модерниот Милан“, вели Тардели.
? ????'? ??????? ??? @delpieroale ?#ForzaJuve pic.twitter.com/RZZ62Lg1yS
— JuventusFC (@juventusfcen) April 16, 2022