Легендата на италијанскиот фудбал и освојувач на Светското првенство од 1982 година, Марко Тардели вели дека е крајно разочаран од однесувањето на Џорџо Кјелини и неговите „навистина ужасни“ коментари за соиграчите и противниците, објаснувајќи дека во негово време од капитените се учело само за респект кон другите.
Кјелини следната недела објавува автобиографија, по повод која во интервју за весникот „Ла република“ влезе во остри напади на Марио Балотели и Фелипе Мело, а исто така призна дека го „вистински“ го мрази тимот на Интер.
„Навистина сум разочаран од коментарите на Џорџо Кјелини, кој е капитен на Италија, на Јувентус и клучен човек во асоцијацијата на фудбалери. Остри зборови кон неговите соиграчи, колеги кои треба да го сметаат како репер. Омраза кон друг клуб само носи враќање на омразата. Јас, од моите капитени како Дино Ѕоф и Гаетано Ширеа научив само почитување кон противникот и во најтешките битки“, напиша Тардели на Твитер.
Sono veramente dispiaciuto delle dichiarazioni di Giorgio #Chiellini, capitano della #Nazionale, della #Juventus e uomo di spicco nel direttivo #AIC. @chiellini pic.twitter.com/kDdaujLVxS
— Marco Tardelli (@MarcoTardelli82) May 10, 2020
Кјелини: Мело беше јаболко на раздорот, а Балотели заслужи шлаканица