Жорж Веа е познато име во светот на фудбалот. Тој е поранешен напаѓач на ПСЖ и Милан и освојувач на „Златната топка“. По завршувањето на фудбалската кариера, Веа влезе во политичките води и денес е претседател на Либерија.
Со фудбал се занимава и синот на Веа, Тимоти. Тој е член на ПСЖ, голем е талент, а доказ дека тоа е така е и повикот што го доби од САД, да дебитира за сениорскиот тим на оваа земја.
Тимоти, во октомври минатата година блескаше на Светското првенство за играчи до 17 години. На мечот со Парагвај постигна и хет-трик.
Поради талентот тој доби повик од привремениот селектор на САД, Дејв Сарачан, да дебитира за сениорскиот тим на 27.март, кога Американците ќе одиграат пријателски меч против Парагвај.
Инаку, Тимоти е роден во Бруклин во 2000 година, во време кога неговиот татко бил член на Милан, но како позајмен фудбалер настапувал за Челси. Детствто го минал во Бруклин, а потоа се преселил во Пембрук Пејн на Флорида, каде игра за Вест Пејнс јунајтед.
За младинските селекции на САД има одиграно 14 натпревари.
Сезонава доби шанса и во сениорскиот тим на ПСЖ. Во Лига 1 два пати влегол од клупата за резерви, а вкупно одиграл 32 минути.