Top Sport

Таткото избегна санкции, Софија Абрамович го осуди Путин

Откако и покрај притисоците од дел од британските политичари, газдата на Челси, Роман Абрамович избегна санкции од државата, неговата 27-годишна ќерка Софија се приклучи кон критиките на рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина.

Софија Абрамович, која поголемиот дел од времето го поминува во Лондон на Инстаграм сподели фотографија од Путин со порака: „Најголемата и најуспешна лага на пропагандата на Кремљ е тоа дека повеќето Руси го поддржуваат Путин“.

Во вторникот, пратеници од опозициската Лабуристичка партија побараа на Абрамович да му се одземе фудбалскиот клуб Челси и скапите имоти во Лондон, а лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални го именуваше Абрамович меѓу 35-те клучни поддржувачи на Путин.

Scroll to Top