Top Sport

Таткото на Фати едвај чекаше да купи осум дресови на неговиот син

По 13 години кога легендарната „десетка“ на Барселона беше на грбот на Лионел Меси, од оваа сезона таа чест му припадна на новиот талент на „Ла масија“, 18-годишниот Ансу Фати и неговиот татко не можеше да се воздржи од возбуда.

Додека неговиот син беше на тренинзи, неговиот татко беше „начекан“ во официјалниот фан-шоп на Барселона каде што купи дури 8 дресови од неговиот син за да ги подели на своето семејство.

„Не можев да спијам. Си велев, кога ќе се отвори шопот, веднаш морам да одам таму. Не знаете што значи за него што ја наследи ‘десетката’ на Меси“, вели Бори Фати.

Scroll to Top