Top Sport

Таткото на Меси се надева дека Лео ќе се врати во Барселона

Таткото и агентот на Лионел Меси, Хорхе Меси, ги зголеми шпекулациите за враќање на неговиот син на „Ноу Камп“, велејќи дека се надева дека тој еден ден ќе се врати во Барселона.

Меси по цела кариера во Каталонија шокантно си замина од Барселона минатото лето откако клубот не можеше да си приушти да му даде нов договор, и потпиша за Пари Сен-Жермен, каде што имаше потпросечна сезона.

Можноста за враќање во Барса секогаш беше посочувана како можност, откако неговиот поранешен соиграч, а сега тренер на тимот, Чави Ернандез изјави дека за него вратите во клубот се „секогаш отворени“. Сега, на гостување на еден Твич-канал, Хорхе Меси призна дека тоа е можност.

„Се надевам дека тоа ќе се случи еден ден“, вели Хорхе Меси.

Scroll to Top