Top Sport

Вердер се врати во Бундеслигата, Хамбург ќе игра со Херта во плејофот

Четирикратните германски шампиони, Вердер Бремен се враќаат во Бундеслигата по една сезона во „Цвајте“, откако во последното коло со 2:0 ги совлаа Регензбург за да го обезбедат второто место зад Шалке, уште еден славен клуб кој се врати во елитта.

Никлс Филкриг и Марвин Дукш постигнаа голови за „зелените“ да го осигураат второто место, додека Хамбургер се вратија од гол негатива за 3:2 победа над Ханса Рошток, за да завршат трети пред Дармштад со подобра гол-разлика и да постават бараж против Херта Берлин, кои беа на 16. Место во Бундеслигата.

Scroll to Top