Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на голот против Уеска го стави својот син Лука. За 21 годишниот голман ова беше прв настап оваа сезона, први два гола, а Реал го спаси Карим Бензема, со голот за победа што го постигна во 89 минута.
„Лука е трет голман. Тибо Куртоа е повреден, а Кајлор Навас беше со репрезентацијата и му беше потребен одмор. Поради тоа шанса му дадов на третиот голман“, изјавил по мечот Зинедин Зидан.
Лука Зидан е во Реал од својата шеста година, а во 2018 година неговиот татко го прекомандува во првиот тим. Минатата сезона бранеше на еден натпревар, во ремито кај Вилјареал 2:2.