Поранешниот соиграч на Герет Бејл од Тотенхем, Андрос Таунзенд смета дека Реал Мадрид наместо да се обидуваат да го продадат напаѓачот, треба да му направат статуа пред „Сантијаго Бернабеу“ и да му ја дадат почитта која ја заслужува.
И покрај тоа што Бејл помогна Реал да освои четири титули од Лигата на шампионите, последните неколку години тој е на мета на навивачите, но и на тренерот Зинедин Зидан кои сметаат дека тој не покажува почит кон клубот. Од обвинувањата дека повеќе размислува за голф, до тоа дека не научил шпански јазик, сагата е добро позната.
Сега, се верува дека тој е блиску до враќање во Премиер лигата со Манчестер јунајтед или Тотенхем, и Таунзенд вели дека тоа е добра вест.
„Вообичаено не би се согласил со тоа што го правеше Герет на трибините, што играше голф и што се обидуваше да ги нервира Реал. Но, тоа што тој го направи за тој фудбалски клуб… Головите во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, двата гола против Ливерпул, тоа беа потези кои донесоа титули и за тоа заслужува статуа. Наместо тоа фановите, медиумите, клубот се против него. Се согласи да замине во Кина и потоа му кажаа, врати се, те чекаме во Реал. И потоа што направија? Не го пуштија да игра. Затоа не го обвинувам и би било добро да го видиме пак во акција“, вели Таунзенд.