Top Sport

Таунзенд: Гринвуд под итно да оди на психолог

Мејсон Гринвуд под итно мора да оди кај спортски психолог, вели фудбалерот на Кристал палас, Андрос Таунзенд по грижите од Манчестер јунајтед за неговиот однос кон својата кариера и животниот стил.

И покрај импресивниот пробив во првиот тим на „ѓаволите“ минатата сезона, Гринвуд е мета на критики за однесувањето надвор од фудбалскиот терен. Тој не беше дел од тимот кој во саботата ги совлада Евертон со 3:1, официјално поради болест, но според британските медиуми во клубот биле загрижени од неговото однесување на тренингот во петокот. „Ѓаволите“ се загрижени и за неговиот бурен ноќен живот и недостастокот на сон, и Таунзенд вели дека 19-годишниот Англичанец мора бргу да ги надмине овие проблеми.

„Секој фудбалер е поинаков, но можам да разберам низ што минува Мејсон Гринвуд по однесувањето на медиумите, кои претходно го фалеа, за сега да го ‘шутираат’. Тоа е тешко и потребни му се фудбалери како Хери Мегваер, искусни луѓе кои поминале низ тоа за да му помогнат. Мора да добие помош од Солскјер, од своите добри пријатели, но исто така мора да оди и на спортски психолог. Тој е млад фудбалер кому главата не му е на место. Да, правеше грешки, но многу е млад“, вели Таунзенд.

Во септември, Гринвуд беше исфрлен од англиската репрезентација, откако заедно со Фил Фоден од Манчестер сити го прекршија КОВИД-19 протоколот, канејќи две девојки во нивната хотелска соба во Исланд. Фоден беше вратен во репрезентацијата од селекторот  Герет Саутгејт, но не и Гринвуд по совет на Солскјер.

Гринвуд не се ангажира на тренинзите, „ѓаволите“ вријат од нервоза

Scroll to Top