Top Sport

Конор VS Поаире на 23 јануари, шест години откако го патосираше во првата рунда

Ирската УФЦ мегаѕвезда Конор Мекгрегор ќе се врати во кафезот на 23 јануари за пресметка со Дастин Поаире, уште еднаш враќајќи се од краткотрајна пензија (по третпат) против противник кого пред шест години го суреди во една рунда.

Мекгрегор се согласи на камбек минатиот месец прифаќајќи ја понудата на претседателот на УФЦ, Дејна Вајт за меч со Поаире, иако во јуни изјави дека се повлекува од спортот поради малку шанси во средната категорија.

Двајцата влегоа во октагонот на УФЦ 178 во септември 2014 година, кога Ирецот го нокаутираше Американецот во првата рунда во Лас Вегас. Ова ќе биде совршена шанса за Поаире да добие одмазда, иако се шпекулираше дека УФЦ ќе го замени поради големите финансиски барања. Мекгрегор вети дека овојпат побргу ќе ја заврши работата од двете минути во 2014.

„Не само што ќе го подобрам времето, туку ќе го подобрам и ударот со кој ќе го заспијам. Тој можеби е одличен фајтер, меѓутоа јас сум Мекгрегор“, вели Конор.

Scroll to Top