Поранешниот генерален секретар на фудбалскиот клуб Црвена звезда Владимир Цветковиќ одговорил на обвинувањата од италијанскиот великан Милан.
Поранешниот технички директор на Милан Паоло Тавеџа пред неколку дена се потсетил на натпреварот помеѓу Црвена звезда и Милан во 1988 година кој беше прекина поради густата магла, а од почеток се одигра наредниот ден.
Тој во својата изјава тврди дека ги видел челниците на Црвена звезда за едно со судиите Дитер Паули во ноќен клуб ден пред натпреварот.
„Тоа е лага. Нема врска со вистината. Никаде не се случува челниците на клубот да одат по ноќни клубови со судиите. Логиката вели доколку се случи тоа со судиите да бидат непознати луѓе, пријатели на клубот“, рекол Цветковиќ.
Милан таа година успеа да ја елиминира Црвена звезда во четврт-финалето по изведувањето на пенали. Тимот од Белград во првиот меч кој е прекинат поради маглата во 67 минута водел со 1:0. Повторениот меч заврши 1:1, Милан се пласира понатаму, а подоцна и ја освои титулата.
„Не знам кој е Тавеџа. Од директорите на милан го познавам само Брајда. Тој е господин, тој сигурно не би дошол на идеја да измислува работи. Не ми е јасно зошто по 30 години на овој начин се отвора тема за натпреварот, но ова е доказ дека колку големи работи направила Црвена звезда и колку се прераскажуваат нејзините натпревари“.
„Еве ви уште еден доказ дека Тавеџа леже. Судијата толку се исплашил што го виделе со челниците на Црвена звезда што на Милан им поништи чист гол! Топката влезе во голот, удри во мрежата, Маза Василијевиќ ја исфрли од голот, а тој тоа не го виде. Судијата го оштети Милан, а не нас“.
Цветковиќ е убеден дека Црвена зведа ќе ја освоеле титулата доколку таа сезона успеала да го победи Милан. Открива е дека жали за некои други работи.
„На крајот се си дојде на свое место (Црвена звезда стана европски првак во 1991 година). Ех да не беше војната и ембаргото…Имавме голема несреќа, сигурно е дека со години ќе бевме во врвот, ќе владеевме. Колку јак тим имавме најдобро покажува анкетата на „Марка“. Кога во анкета на еден толку релевантен медиум ќе завршиш на третото место на најдобрите тимови на сите времиња тоа не може да биде случајно“, заклучил Цветковиќ.
Поранешниот директор на Милан отворено за забавите со судиите во Белград