Top Sport

Тавекио обвинет за сексуален напад!

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Карло Тавекио, кој вчера си поднесе оставка, е обвинет за сексуален напад.

74-годишниот Тавекио си замина од позицијата откако Италија не успеа да се квалификува на СП во Русија, но неговото тригодишно владеење со италијанскиот фудбал останува полно со скандали.

За време на изборната кампања за претседател на ФИГЦ, тој направи неколку расистички коментари за црните играчи во Италија, а потоа на снимка го „фатија“ како зборува погрдно и за Евреите и за хомосексуалците.

Сега весникот „Ла стампа“ тврди дека една засега неименувана жена го обвинува за сексуален напад. Жената, инаку официјално спортско лице, тврди дека го посетила Тавекио во неговата канцеларија да зборуваат за фудбалот, но дека тој се обидувал да ја допира, затворајќи ги завесите за да не се гледа ништо. „Тоа е само еден инцидент, можам да зборувам за многу“, изјавила жената.

Таа веќе поднела жалба до обвинителот во Рим, а „Ла стампа“ тврди дека има и аудио и видео снимки за да се потврдат обвиненијата.

Тaвекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Scroll to Top